Убавото време продолжува - уште колку ќе трае летото во есен?
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до девет степени, дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.
Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море