Loading Video...
Ракомет
22. February 2020 - 18:09

Убедлив пораз на Вардар на гостувањето кај Порто

Македонскиот и актуелен европски ракометен првак  Вардар со пораз се враќа од гостувањето кај Порто во дуел од Лигата на шампионите  Вардар загуби од Порто со осум гола разлика 30:22 (полувреме 11:10), во меч од претпоследното 13 коло на Б групата. 
 
Вардарци беа рамноправен противник само во првиот дел кој го завршија со гол негатива 10:11. Во воведните десет минути од вториот дел домаќините направија серија од 7:1, која до крајот на мечот успешно ја одржуваа. 
 
По овој пораз Вардар падна на шестото место на табелата, со бод помалку од Порто. 
 
Така во последното коло во кое Вардар го пречекува Монпелје, а Порто ќе гостува кај веќе „отпишаниот“ Мешков Брест ќе решава за конечниот пласман на табелата, а со тоа и противниците на овие два тима во првата нокаут рунда. 
 
Ако вардарци завршат на шестата позиција тогаш во осминафиналето ќе играат против трето пласираниот тим од групата „А“, односно ПИК Сегед или ПСЖ, а доколку бидат петти тогаш европските прваци ќе играат против Фленсбург или Алборг.  
 
Без разлика на пласманот Вардар првиот осминафинален дуел ќе го игра на домашен терен во периодот од 18 до 22 март.