Loading Video...
Фудбал
6. July 2020 - 14:59

Убедлива победа на Барселона на гостувањето кај Виљареал

По двата нерешени резултати со кои му овозможија на Реал да се издвои во трката за титулата во шпанската Ла Лига, конечно фудбалерите на Барселона забележаа победа. 
 
На гостувањето кај Виљареал екипата на Барселона го одигра сигурно најдобриот свој натпревар по рестартот на лигата. 
 
Каталонците забележаа убедлива победа со 4:1 над „жолтата подморница“. 
 
Со автоголот на Торес во 3-тата минута Барселона поведе со 1:, но Виљареал преку Морено во 14-тата го израмни резултатот. 
 
Во продолжението следуваа два прекрасни гола на Санчез и Гризман за предност на Барселона од два гола на полувремето, додека во финишот на вториот дел Ансу Фати ги постави конечните 4:1. 
 
Барселона останува во игра за трофејот но предноста на Реал на четири кола до крајот изнесува четири бодови.
 
Само чудо може на „Кралевите“ да им ја одземе титулата, односно да се случи тоа Реал ќе треба да загуби два меча од дуелите со Алавес, Гранада, Виљареал и Леганес, што е речиси неверојатно.
 
Притоа Барса да ги добие сите четири натпревари (Еспањол, Ваљадолид, Осасуна и Алавес).