Македонија
27. December 2018 - 22:51

Убиецот на Дилавер Бојку ликвидиран во Швајцарија, убиен како и Бојку во неговиот ресторан: Можна крвна одмазда меѓу двете семејства

Сопственикот на еден ресторан во швјцарското место Рути, И. Истрефи (51) е убиен во својот локал.

Непознат сторител испукал неколку куршуми во вторниот рано наутро.

„Слушнавме три истрели, но опасно е да зборуваме за тоа, овде се собира мафија“, рече еден локален жител.

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, судирот на две ривалски македонски семејства резултирал со уште едно убиство.

Истрефи се сомничи дека стои зад минатогодишното убиство на Дилавер Војку, некогашен макро и еден од главните босови на албанската мафија во Европа.

Меѓутоа, многу нешта претходеа на овие убиства. Братот на Бојку, Башким, се наоѓа во затвор поради убиство на синот на Истрефи и ранување на неговиот друг син кој и денеска живее со инвалидитет.

Синот на Дилавер Ермин, кој исто така бил вмешан во овој случај, се уште е во бегство.

Се претпоставува дека Дилавер е убиен поради одмазда. Тој, исто така настрада во својот локал во Струга.

 

 

„Сите знаат за судирот на овие две семејства, но никој не зборува за тоа“, рече еден локален жител, доброупатен во случувањата.

Меѓутоа, и покрај крвавите пресметки на Бојку и Истрефи, членовите на двете семејства не се само непријатели, туку и многу блиски. Склопени се неколку бракови меѓу ривалские семејства.

„Се почна со некои чудни чарки кога беа млади, а потоа следеше првата смрт во 2015 година кога е убиен синот на Истреги во Струга, а другиот е ранет“, наведе нивен познаник.

Да потсетиме, против Дилавер Бојку од 1979 до 2001 година полицијата поднесе дури 17 кривични пријави поради подведување на проституција, но се до 2003 беше недопирлив.

Американското ФБИ и Интерпол беа вклучени во истрагата против неговите „работи“, кои ги водеше од струшкото село Велешта, во кое до 2006 година беа одржувани „аукции“ на девојки кои се грабнувани или на измама регрутирани на Балканот и во државите на поранешниот СССР.

Бојку наводно контролирал два главни илигални правци за транспорт на девојки и жени, посебно од Молдавија, Романија и Украина.

Еден одел од Бугарија, а друг од Албанија. Двата канали завршувале во неговото родно село Велешта, кое важеше за место со најголем број проститутки во македонија. Македонската полиција своевремено процени дека Бојку посредувал во продажбата на околу 3.000 жени.

Извор: Blick.ch