Свет
14. March 2019 - 11:23

Убиен њујоршкиот мафијашки шеф „Френки бој”

Шеф од мафијашката фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како „Френки бој“ беше убиен пред неговата куќа на Стејтен Ајленд во Њујорк, соопшти полицијата.

Во Кали (53) биле испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот го прегазил со возило мафијашот.

Гамбино е една од петте најголеми италијанско-американски мафијашки фамилии во Њујорк. Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата е во тек.