Македонија
14. August 2020 - 16:36

Убиство во Инџиково

Убиство ги остави без сон жителите на скопско Инџиково. Станува збор за 49-годишен маж кој бил застрелан од двајца напаѓачи во неговиот дом. Денеска куќата беше празна.

Трагичниот настан се случил околу 23 часот кога две вооружени лица влегле во дворот на жртвата во обид да го ограбат. Мажот им рекол дека нема пари, по што еден од напаѓачите пукал кон него. Сето ова се случило пред очите на сопругата која веднаш пријавила во полиција и повикала брза помош. Напаѓачите избегале. Полицијата се уште трага по нив.

„На 13.08.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека двор од куќа во с.Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него. Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, пишува во соопштението на МВР.

Инаку соседите не сакаа да зборуваат пред нашата камера што виделе и чуле за убиството. Накратко ни рекоа дека убиениот, долго по познавале. За него не можеле да кажат лош збор, бидејќи бил добар и мирен човек.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.