Македонија
3. December 2015 - 19:32

Убиство во тетовска Мала Речица

43 годишниот Хасмир Хасани од Лисец е убиен попладнево во чајџилница во тетовска Мала Речица. Убиството е извршено околу 15 часот и 30 минути со пиштол, а смртта веднаш настапила кај 43 годишникот, утвриле од тетовското обвинителство во првичниот увид на местото. 
 
Обвинителството веќе го знае идентитетот на осомничениот за убиството, по кого се трага. 
 
По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција врз телото на убиениот Хасмир Хасани.