Учесници од девет земји ќе продефилираат на Интернационалната карневалска вечер во Струмица
Вкупно 46 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија ќе продефилираат на Интернационалната карневалска вечер која се одржува во рамките на Струмичкиот карневал на 29 овој месец и е главен карневалски настан.
Од Организацискиот одбор на карневалот информираат дека во поворката ќе продефилираат над 1.200 маскирани лица, кои пред стручното жири ќе ги претстават своите карневалски креации.
Домаќините ќе се претстават со најмногу маски, а покрај учесниците од странство ќе настапат и карневалисти од Радовиш, Кавадарци, Пробиштип и Куманово.
Осумдневните карневалски празнувања во Струмица почнуваат в среда, на 26 февруари, со традиционалното предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот на Струмица.
Годинава Струмичкиот карневал одбележува триесет години од организираното одржување, а јубилејот ќе се одбележи под мотото „Струмички карневал-30 години ѕвезда под небото“.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање