Loading Video...
Фудбал
23. September 2020 - 14:44

УЕФА ги објави финалистите за признанијата најдобар играч и тренер

 
 
 
 
Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави имињата на финалистите, односно тројца фудбалери и тренери кои се во финалниот избор за најдобри во изминатата сезона. 
 
Очекувано од актуелниот европски првак минхенски Баерн, во трката за престижното признание се најдобриот стрелец на „Баварците“ Роберт Левендовски и голманот Мануел Нојер. 
 
Триото финалисти го сочинува фудбалерот на  Манчестер Сити, Кевин Де Брујне. 
 
Германските стратези се и главни претенденти за признанието најдобар тренер. Покрај тренерот на европскиот првак Баерн, Ханси Флик во конкуренција за признанието се и Јирген Клоп од Ливерпул како односно Јулијан Нагелсман тренерот на Лајпциг.