Живот
20. March 2018 - 11:10

Угинa последниот мажјак од видот северен бел носорог

Последниот мажјак од видот северен бел носорог на светот угина од старост.

Во извештајот се вели дека 45-годишниот носорог Судану бил еутаназиран вчера, откако неговата здравствена состојба „значително се влошила поради компликации поврзани со годините", како што стои во соопштението на истражителите од Кенија.

Кениските власти се обидоа да го спасат овој подвид носорог од изумирање со Судану и уште две женки, но напорите беа безуспешни.