Бизнис
28. October 2020 - 15:18

Угостители организираат свадби, имаат поголем број маси, без доволно растојание, констатираа инспекторите

За три свадби организирани во угостителски објекти во Тетово, Боговиње и Арачиново, Државниот пазарен иснпекторат по спроведена контрола има поднесено кривична пријава за прекршување на протоколите за работа. Со новите измени што веќе се во собраниска процедура, инспекторатот ќе може и да издаде решение за забранана дејност од 10 до 30 дена и како и глоба која ќе зависи од големината на правниот субјект.

Овие кривични пријави се дел од извршените 2523 контроли и дополнителните 613 вонредни инспекциски надзори што ги извршил Државниот пазарен иснпекторат во период од 19 до 25 октомври годинава, а ги соопшти на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филипоска-Грашковска.

Инспектортот изрекол и четири кривични пријави за угостителски објекти во Гостивар и  една во Скопје поради прекршување на протоколот за работа, односно неводење сметка за бројот на поставените маси, растојанието и неносење маски од страна на персоналот.

Инспекторите од овој инспекторат поднеселе и 19 прекршочни пријави, а издале и 66 решенија и 29 прекршочни платни налози по материјалните закони.

Шесте инспекторати во овој период, како што рече Филипоска-Грашкоска, извршиле 3959 контроли и истакна дека сите инспектори работат со полн капацитет и вршат засилени контроли при што се постапува неселективно доклку се забележи прекршување.

Деведесет надзори извршил Државниот санитарен и здравствен инспекторат при што донел пет решенија за неправилности. Инспекторатот, дополнително издал 6715 решенија за изолација и домашно лекување за лица заболени и лица кои биле во контакт со заболени лица.

Државниот инспекторат за труд конторлирал 400 правни субјекти при што донел 21 решенија за неправилности во однос на протоколите за работа.

Инспектарот за транспорт извршил 48 надзори и изрекол три кривични пријави, една за непочитување прокол за меѓународен превоз на Деве Баир и една во Кочани за непочитување протоколи за меѓуградски превоз.

Спроведени се 33 надзори во аптеки од Агнецијата за лекови при што не се констатирани неправилности. Двеста педесет и два надзори извршила Агенцијата за храна и ветеринарство и издала пет решенја, три прекршочни налози и 15 едукации за неизвршени здавствени прегледи, небезбеден производ и слично.

Грашкоска-Филиповска апелираше да се почитуваат протоколите и владините мерки и препораки во насока на превенирање и ширење на вирусот.

Потенцира дека инспекцискит служби продолжуваат со работа на терен и дека непочитувањето ќе се сакционира без исклучоци.

-Нема толереација за прекршителите на протоколите, рече таа и додаде дека откако ќе бидат донесени законските измени и објавени во Службен весник, инспекциските служби обиваат поголеми надлежности и при утврдување на неправилноста инспекторите од сите инспекторати ќе имаат можност на лице место да изречат забрана за дејност од 10 до 30 дена, како и изрекување глоба.