Бизнис
15. January 2021 - 12:27

Угостителите бараат протоколи за работа а не ограничување на работното време

Протоколи за работа, а не ограничување на работното време, реагираа од НУК по изјавата на министерот Филипче дека по 21-ви јануари тие ќе можат да работат до 21, а не и подоцна како што бараат угостителите. Велат дека наместо да се ограничува нивната работа министерот Филипче и Комисијата за заразни болести да најдат време да ги унапредат постоечките протколи и да донесат нови правилници за да може годинава целата индустрија да функционира.

И покрај барањето велат дека сеуште од Владата не добиле покана за средба за да учествуваат во креирањето на нови предлози и мерки за спас на оваа иднсутрија. 

Сметаат дека тие треба да бидат опфатени со посебен сет на мерки затоа што се најпогодена гранка. Бараат безусловна субвенција за сите вработени во секторот, грантови, безкаматни кредити, изедначување на ДДВ-то на 10 проценти за сите угостителски услуги. Според нивните пресметки од  ограничувањето на работата  до 18 часот нивните загубите достиганел и до 50 милиони евра.

Министерот филипче вчера соопшти дека од 21-ви јануари угостителите ќе можат да работат до 21 часот, а нивното барање да можат да примаат гости и подоцна ќе биде разгледано.