Угостителите стравуваат дека нема да добијат помош за исплата на јануарската плата
Угостителите стравуваат дека ќе останат без помошта за покривање на јануарските плати. Велат месецот заминува, а Владата се уште го нема донесено новиот петти по ред пакет. Претходните мерки многу мал дел од фирмите можеле да ги искористат. Затоа бараат итно да се донесе новиот пакет и со него да бидат опфатени и платите за јануари, затоа што во прашање се денови кога дел од нив ќе почнат да отпуштаат работници. Претходно и останатите бизниси апелираа на што поскоро носење на новите мерки за помош.
Уште еден голем проблем за нив е и тоа што речиси цела година нема протоколи за рестораните за свадби и клубовите, кои опфаќаат добар дел од секторот.
Во петок угостителите ќе имаат средба со вицепремиерот Битиќи на која освен за финансиската помош ќе се разговара и за целосно укинување на работното време. Според првичните бројки новиот пакет помош ќе тежи околу 50 милиони евра.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар