Македонија
16. October 2021 - 16:32

Угостителскиот сектор се соочува со недостиг на кадар

Туристичко угостителскиот сектор се соочува со недостаток на квалитетен кадар кој сериозно се одразува во работата. Само 10 проценти од вкупно запишани студенти, се на струките кои се потребни за туризмот ,хотелиерите велат дека младите  повеќе се заинтересирани за административна работа

Добрите познавачи посочуваат дека потребни се реформи во образовниот систем за да се произведат кадри кои ќе ги задоволат потребите на пазарот на трудот.

Како резултат на миграциите во и надвор од земјата, повеќе од половина од компаниите во Македонија се соочуваат со проблем на задржување на работната сила на подолг временски период, посебно на помладите. Оваа појава е најизразена кај техничките работни места за кои е потребно практично искуство, како и во угостителско-туристичкиот сектор.