Македонија
14. May 2017 - 12:17

УХМР од утре најавува нов температурен шок, уште денеска уживајте во убавото време

Времето денеска:  Сончево и доста топло со мала до умерена облачност. Ќе дува и претежно северозападен ветер поинтензивен на запад и вдолж Повардарието. Попладне во планинските подрачја особено на северозапад и североисток ќе има услови за појава на дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.
 
Метеоролошки параметри за Скопје: температура 29 °C.
 
Од утре ќе започне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста а со севернит ветер ќе има и повремени сончеви периоди.  Утре од попладневните часови и претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. 
Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст.