УЈП: Граѓаните да ја сменат трансакциската од Еуростандард банка во апликацијата МојДДВ со валидна сметка
Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.
-Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете го прозорчето „профил“, потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка. Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето „зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета, објаснува УЈП.
Управата повикува оваа промена да ја направат и сите корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка.
-Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основа за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки, стои во соопштението од УЈП.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та