Македонија
3. September 2015 - 13:38

Украден златен накит од куќа во Ржаничино

Непознат сторител вчера извршил кражба во куќа во скопското село Ржаничнино, при што украл злато и други предмети, вредни околу 1.700.000 денари,  информираат од МВР.  

- На 01/02 овој месец во периодот од 18:00 до 09:00 часот во с.Ржаничино – скопско непознат сторител извршил тешка кражба со употреба на погоден предмет во куќата на С.Л.(50) од каде одзел поголема количина златен и друг вид накит и еден пиштол, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.700.000 денари, се вели во соопштението.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.