Македонија
17. August 2017 - 11:05

Украден златен накит тежок 2 милиони во тетовско

Кражба тешка 2.250.000 денари се случила вчера во тетовското село Боговиње, информираат од полицијата.

Непознат сторител влегол во куќата на 56 годишниот Џ.И. и по извршеното пребарување украл златен накит во вредност од околу 36.000 евра. Според информациите од полицијата, крадецот влегол во куќата додека снаата на Џ.И. била во бањата и по пребарувањето во три спални соби, од едната го украл златниот накит.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.