Украина: Русите ја ограбија и уништија аналитичката лабораторија во „Чернобил“

Украинските власти тврдат дека руските трупи ја ограбиле и уништиле лабораторијата во нукларната централа „Чернобил“, пренесува „Би-Би-Си“.
Украинската Државна агенција за управување со зоните на исклучување сооштиле дека руските војници ангажирани во акциите кај Припјат ја оштетиле Централната аналитичка лабораторија во централата каде се обработувал радиоактивен отпад.
Агенцијата преку „Фејсбук“ објави дека во лабораторијата имало „многу активни примероци радионуклиди, што сега се во рацете на напријателот“.
Лабораторијата вредна околу шест милиони евра поседувала и „вредна аналитичка опрема“ каква што нема во Европа, тврдат од Агенцијата.
Нуклеарната централа „Чернобил“ каде во 1986 година се случи најголемата нукеларан несреќа во историјата на човештвото, не е повеќе оперативна, но местото на експлозијата бара постојан надзор.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
