Loading Video...
Спорт плус
26. September 2021 - 14:33
Украинецот, Усик ги презема четирите шампионски појаси од Ентони Џошуа
Сензациопнално нов светски првак во тешка категорија е украинскиот боксер Олександер Усик
До четирите шампионски појаси Украинецот стигна со импресивна борба против досегашниот шампион Ентони Џошуа кого го победи со едногласна одлука на судиите по 12-те избоксувани рунди.
Усик уште од самиот почеток покажа дека е решен да не му дозволи на Џошуа да ја израдува домашната публика во Лондон, па сосема заслужено на крајот Украинецот ги пезема светските титули во верзиите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, порачувајќи дека јавноста сеуште не го видела најдоброто од него.
По овој пораз пропадна шансата на Британецот да ги обедини сите пет титули во тешка категорија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->