Македонија
29. April 2018 - 17:33

Улицата Македонија долж охридскиот кеј и ова лето ќе остане сообраќајница

И оваа сезона улицата Македонија на самиот кеј на езерото останува да биде сообраќајница. И покрај тоа што најголем дел на охриѓани и туристи на спроведената  анкета за испитување на јавното мислење од страна на надлежните од општина Охрид се изјасниле улицата да биде пешачка зона сепак истата ќе се користи за возила.Градоначалникот Стојаноски вели дека проектот за изгледот на овој дел од градот е во рана фаза и истиот би се реализирал во некоја од наредните години.

Деканот на Архитектонскиот факултет  Марина, смета дека преку спроведување на визиите за сообраќајното уредување ќе се создадат подобри градови за граѓаните особено во туристичкиот бисер.

Инаку во главниот туристички центар постојано се менува летниот сообраќаен режим со кој најчесто се решава метежот во градот но никако да се усогласат ставовите на надлежните дали Кејот на охридското езеро во екот на сезоната да биде сообраќајница и паркиралиште, или пак слободна зона за пешаци.