Македонија
5. April 2016 - 17:02

Улични музичари и артисти и ова лето ќе ги забавуваат скопјани

Проектот ,, Улични музичари и артисти,,  кој  ќе се одржи по шести пат , започнува на 1 мај и ќе трае до крајот на октомври.

Предвидени се над 140 настани , на локации во  централното градско подрачје , а ќе  ги изведат музичари  и артисти  од сите генерации.

Уметниците кои ќе се претстават со разновидни перформанси, се  избрани на конкурс  распишан од Град Скопје, за што ќе добијат соодветен хонорар.

Проектот  го реализира   ЈУ   Конгресен центар ,, Александар Македонски,,   а под покровителство на Град Скопје.