Македонија
6. September 2019 - 17:10

„Умирам од глад“ - исповед на затворениците од Идризово за германската телевизија

На првиот канал на германската државна телевизија беше објавена репортажа од најголемиот затвор во државава - скопски „Идризово“ во која главен акцент е ставен на нехуманите услови за затворениците.

„Умирам од глад. Како да штрајкувам со глад. Умирам од глад“, вели затвореникот Џеладин за германската телевизија, а репортерот на „АРД“ додава дека Џеладин за ручек добива по една мала паштета и салата и „секоја вечер оди гладен и жеден во кревет“.

Џеладин бил осуден за кражба и измама, а долго време живеел во Германија каде што исто така бил во затвор.

„Павилјонот А во затворот Идризово во близина на Скопје е озлогласен. Тука се сместени тешки криминалци. Убијци, дилери на дрога, силувачи - во многу лоши услови. Мажите живеат во големи простории, кои си ги одвоиле со кревети и ќебиња во мали ќелии. Десет до 20 мажи делат една просторија“.

Фотографиите и целата сторија за Идризово може да ја погледнете тука