Свет
3. May 2017 - 18:45

УНЕСКО ја осуди политиката на Израел во Ерусалим

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) усвои резолуција со која се осудува израелската политика во Источен Ерусалим и окупираниот Појас Газа.

Како што наведува палестинскиот весник Ал-Кудс, во документот, Израел е оквалификуван како „окупаторска сила" која нема суверенитет над Источен Ерусалим и дека активностите на Израелците го менуваат карактерот и статусот на Светиот Град, пренесува ФЕНА.

Резолуцијата ја прифатиле 22 земји, 10 биле против, а 23 воздржани.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки ја поздрави оваа Резолуција, додека пак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја наече „апсурдна".

Резолуцијата предложена од неколку арапски земји, е сепак поумерена од онаа на УНЕСКО од минатата година, во која неколку локации се споменуваат со нивните исламски називи, а израелските се игнорираат.