УНХЦР против принудното задржување на мигранти во Италија и Грција
Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин изјави дека следи „загрижувачки пораст“ на задржувањето на мигранти во Грција и Италија и ги повика властите да пронајдат алтернатива за присилното задржување на деца додека се обработуваат барањата за азил, пренесе БТА.
Од минатата година над еден милион мигранти, поголемиот дел од нив бегалци од војната во Сирија, пристигнаа во Европа преку Грција. Од почетокот на годинава пристигнаа 150.000, а 38 отсто од нив се деца, покажуваат податоците на агенцијата на ОН за бегалци. Како Грција така и Италија направи центри за принудно задржување. Дури и децата без придружба често се сместувани во затворски келии или во центри, обиколени со бодликава жива. Треба да се пронајде алтернатива за задржување на децата, изјави Зеид Рад ал Хусеин во обраќањето на Советот на ОН за човекови права во Женева.
Високиот комесар на ОН за човекови права истакна дека од 160 илјади лица, кои европските земји се ангажираа да ги примат до септември 2015, досега се сместени помалку од 1.600.
Минатата година преку Средоземното Море во Европа пристигнаа 208.150 мигранти и бегалци, а над 2.850 се загинати или исчезнати, покажуваат податоците на агенцијата на ОН за бегалци.
Мнозинството од нив (157.119) се Сиријци, Авганистанци и Ирачани, кои пристигнале во Грција преку Турција.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање