Свет
19. August 2016 - 8:25

УНИЦЕФ: Во конфликтот во Јужен Судан се вовлечени приближно 16.000 деца војници

Од почетокот на вооружениот конфликт во Јужен Судан, во 2013 година, вооружените групи и владините војници во борбените дејствија навлекле околу 16.000 деца војници, вклучувајќи ги и над 650-те од оваа година.

Ова денеска го соопшти агенцијата за деца на ОН- УНИЦЕФ, цитирана од светските агенции. 

Според податоци на организацијата, бунтовниците и војниците и натаму навлекуваат малолетници за воените акции и покрај изјавите за прекин на оваа пракса.

УНИЦЕФ потсетува дека пред една година во Јужен Судан над 1.775 деца војници биле вратени на нивните семејства, што беше една од најголемите демобилизации на малолетници во историјата.

Обновувањето на борбените дејствија и враќањето кон пракската на врбување малолетници, меѓутоа, може да ги замати постигнатите резултати.

Конфликтот во Јужен Судан - најмладата членка на ОН, која својата  независност ја стекна дури во 2011 година - се карактеризира и со се почесто сексуално насилство врз жените и девојчињата, посочува УНИЦЕФ.

- Децата минуваат низ чудовишни тестирања, подвлече заменик извршниот директор на организацијата, Џастин Форсит, при посетата на Јужен Судан.

Според податоците на ОН, за 2,5 години од почетокот на конфликтот меѓу поддржувачите на претседателот Салва Киир и лојалните единици на поранешниот вицепретседател Риек Мачар, околу 900.000 деца биле принудени да се иселат, над 13. 000 исчезнале или биле разделени од нивните родители, а 250 000 се на границата на целосна истоштеност.

Како „деца војници“ се определуваат лицата кои се привлечени кон вооружените единици на возраст под 18 години, а според Меѓународниот кривичен суд собирањето војници од деца под 15-годишна возраст е воено злосторство.