Македонија
19. August 2019 - 16:44

Уништен дрворед во центарот на Град Скопје, градот најави казни

2.000 евра казна доби сопственикот на ресторан на улица „Народен Фронт“ кој за време на викендот исече неколку здрави дрвја.

Tој добил дозвола од Градот Скопје за поткастрување на гранките, но по извршениот увид на инспекторите е утврдено оштетување. Видеото од сечата беше објавено на социјалните мрежи од загрижени граѓани.

Жителите се со поделени мислења. Едни веруваат дека сопственикот добил дозвола па заради безбедност ги поткастрил, други пак остро реагираат.

Доколку дрвјата не преживеат поради несоодветно поткастрување, од Градот му сугерирале да засади нови.

Од „Паркови и зеленило“ воопшто не биле консултирани за овие дрвја. Сопственикот на ресторанот за сечата ангажирал приватна фирма.