Живот
31. May 2017 - 9:57

Универзитет ги поттикнуваше студентките да носат длабоко деколте

Белгискиот Слободен универзитет од каде што преку и-мејл ги поттикнуваа студентките да носат длабоко деколте на доделувањето на дипломите, се извини за тој скандал.

„Од естетска гледна точка, за младите жени подобро е да носат фустан или здолниште, и убаво длабоко деколте. Секако, дами, овој совет не е и обврска“, стоеше меѓу другото во пораката до студентите.

Било тоа обврска или не, непристојниот предлог предизвика гнев на друштвените мрежи, и бројни обвинувања за сексизам.