Уписите во основните и средните училишта во јуни, на факултетите во август и септември
Уписите во основните и средните училишта ќе се спроведат во јуни, соопшти денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.
На прес-конференцијата во Владата, Адеми рече дека се подготвени конкретни протоколи до Комисијата за заразни болести и оти очекуваат одговор оттаму за да може потоа да ги испратат до образовните институции.
– Цел јуни ќе им биде на располагање на родителите на првачињата за да ги достават сите документи до основните училишта каде треба да се запишат нивните деца. Веќе подготвиме конкретни протоколи кои се доставени до Комисијата за заразни болести. Тоа се протоколи за упис во основно и во средно образование и очекуваме дека Комисијата ќе ни одговори, рече Адеми.
Запишувањето на првачињата требаше да се реализира во мај, но беше одложено поради актуелната ситуација со корона вирусот.
Уписите во средните училишта ќе се спроведат според конкурсот објавен кон крајот на март.
На високообразовните институции уписите ќе се реализираат во авгсут и септември, а до крајот на мај треба Владата да донесе одлука околу квотите за упис на државните универзитети.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци