Бизнис
10. October 2019 - 16:41

УПОЗ на преговори со МИОА, ако нема договор - протести

Синдикатото на УПОЗ најави  протести ако државата не ги прифати нивните барањара и не се потпише колективниот договор за кого чекаат околу една година.

Дел од бараат се да  им се исплаќа регрес за годишен одмор, пресметката  на платите да се прави според  износот на просечната плата на државно ниво , а не според бодот како што е сега.

Службените дневници да се вратата затоа што вработените кога одат на пат плаќаат од свој џеб што според синдикатото е недозволиво

Министерот Манчевски пак не е оптимист дека ќе се постигне договоро за сите барања.

Манчевски посочи дека до  крајот на  годината ќе се знае и по кој модел ќе се прави префрлањето на вработените  од јавниот во приватниот сектор. Тврди дека со реорганизација на јавната администарција таа ќе бдие поефикасна, побрза, а никој нема да биде оштетен. Од бизнис секторот  пред извесно време посочија дека се сомневаат во  успешноста на процесот, затоа што платите во стопанството се пониски од оние кои ги добиваат сега.

Во моментов во јавниот сектор се врабтоени околу  130 илјади лица.