Ураганот Ирма предизвика катаклизма кај животните, таму каде што некогаш имало живот сега има смрт и пустош

Ураганот Ирма предизвика страшно невреме на Флорида и зад себе остави пустош, а од него не упсеаа и да се спасат бројни морски животни. Всушност на фотографијата се гледа како како морска крава е оставена на суво по ураганот Ирма.
Морските крави се заштитен животински вид кои се појавиле перд 50 милиони години.

Инаку на Твитер се појави снимка на која се гледа пустош на местото каде што некогаш имало вода и живот.
Водата се повлекла далеку па сега буквално може да се оди таму каде што некогаш било дното на океанот.
Посебно внимание предизвикал мал брод кој останал заглавен во песок.
Американскиот претседател Доналд Трамп, одобрил на Флорида да се прогласи природна катастрофа и наложил федерална помош на оваа држава погодена од ураганот Ирма.
Прогласувањето на состојба на природна катастрофа значи дека граѓаните ќе можат да се пријават за средства за привремено сместување и поправки на домот, позајмици со ниски каматни стапки како би го покриле загубите поради неосигуран имот.

Федералната влада исто така ќе ги надокнади трошоците за вонредните заштитни мерки вклучувајќи и евакуација и сместување на загрозените, како и средства за отстранување на рушевини, пренесува Ројтерс.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
