Македонија
18. May 2020 - 16:48

Урнат парапетот на плажа од Охридското езеро, што станува со останатите дивоградби во градот на УНЕСКО?

И додека Унеско чека Охрид да се справи со дивоградбите за да не го изгуби статусот на заштитено подрачје по бројните реакции на граѓаните и екологистите градските власти денеска започнаа со рушење на дивоизградено парапетче до самиот брег на Охридското езеро кај автокампот Градиште  кое го откриле на крајот на март.Во градот под Самоиловите кули секојдневно никнуваат дивоградби не само во старото градско јадро туку и долж целото крајбрежје од Радожда па се до Свети Наум. Од Здружението на граѓани Оревче велат дека на брегот се градат градат шанкови и други цврсти објекти и бараат од надлежните веднаш да излезат на терен и поодговорно да делуваат за да се спаси Балканскиот бисер.

Градоначалникот Гергиевски на својот фејзбук профил напиша дека нелегалниот потпорен ѕид бил регистриран при надзор на општинската градежна инспекција уште пред речиси два месеца.

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.

Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, информира градоначалникот Георгиески.

Инаку овој еколошки инцидент се случува во период кога Охрид се бори да го задржат статусот на заштитено светско природно и културно наследство под закрилата на Унеско и  постојано е под лупа поради неконтролираниот урбан развој ,несоодветната градба и експлоатацијата на езерото.