Тенис
12. September 2015 - 9:35

УС Опен: Италијанка победничка

Италијанска тенисерка ќе триумфира на УС Опен откако вчера во полуфиналните мечеви Пенета ја победи Халеп, а Винчи беше подобра од Серена Вилијамс.

Двете Италијанки, кои заедно настапуваат во двојки и за ФЕД куп селекцијата на Италија остварија изнендувачки резултати.
Винчи (43.та на ВТА) ја победи Серена Вилијамс со 2:1 (2:6; 6:4 и 6:4) и ја спречи да стигне до четвртата Грен слем титула годинава, додека Пенета на Халеп (втора носителка) и препушти четири гема - 6:1 и 6:3.