-->
-->
Уште две празни места за осминафиналето во ЛШ
-->
Откако вчера дознавме уште шест екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во осминафиналето во Лигата на шампионите, вечерва ќе треба да ги дознаеме последните две кои ќе го пополнат списокот на осминафиналисти.
По едно слободно место има во групите Ц и Д, од кои сигурен пласман веќе имаат обезбедени Манчестер Сити (Ц) и Јувентус (Д), како и ПСЖ и Реал Мадрид од А група, односно Баерн Минхен и Тотенхем од Б групата.
Најголеми шанси имаат Шахтјор и Атлетиоко Мадрид кои дуелите против Аталанта односно Локомотив Москва ќе ги играат на домашен терен.
Кикс на Шахтјор ќе чека Динамо кој во Загреб ќе има тешка задача во дуелот со Манчестер Сити.
Во иста ситуација е и Баер кој во дуелот против Јувентус ќе мора да победи, но и да се надева на пораз на Атлетико.
Од останатите натпревари го издвојуваме оној во Атина, каде Олимпијакос и Црвена Звезда во директен дуел ќе решаваат кој од нив ќе продолжи со настап, но во Лига Европа. На белграѓани доволен им е и нерешен резултат
Комплетни двојки за денешните дуели од последното 6.коло
Група А: ПСЖ - Галатасарај и Клуб Бриж - Реал Мадрид (21 часот)
Табела: *ПСЖ 13, *Реал Мадрид 8, Клуб Бриж 3 и Галатасарај 2.
Група Б: Баерн - Тотенхем и Олимпијакос - Црвена Звезда (21 часот)
Табела: *Баерн 15, *Тотенхем 10, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1.
Група Ц: Шахтјор - Аталанта (18:55 час) и Динамо Загреб - Манчестер Сити (18:55)
Табела: *Манчестер Сити 11, Шахтјор 6, Динамо Загреб 5, Аталанта 4.
Група Д: Атлетико М. - Локомотив М. и Баер Л. - Јувентус (21 часот)
Табела: *Јувентус 13, Атлетико М. 7, Баер Л. 6, Локомотив М. 3
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација