Кошарка
1. February 2017 - 13:30

Уште еден НБА играч призна дека користел дрога

Стивен Џексон, освојувач на шампионскиот прстен во НБА лигата со Сан Антонио, рекол дека често пушел марихуана пред натпреварите во најсилната лига во светот.
За својата 14-годишна НБА кариера, Џексон говорел во интервју за едно радио од Торонто, истакнувајќи дека за „ритуалите“ кои пред натпреварите ги имал заедно со Берон Дејвис знаел и ден од легендарните НБА тренери Дон Нелсон, кој според Џексон „ги поддржувал“.
 
Никој не ја знае оваа приказна, прв пат ја раскажувам. Гостувавме во Јута, а околу нас беа луѓето од антидопинг комисијата. Го работевме последниот тест во сезоната, а тоа значеше дека потоа ќе можеме да „дуваме“ до крајот на сезоната. Дон Нелсон често разговараше со нас за марихуаната, тој беше многу cool по тоа прашање. И, кога заврши тестирањето, јас и Берон „умирајќи“ од смеа излегуваме од соблекувалната, бидејќи знаевме дека тоа е последниот тест за таа сезона и дека ќе можеме да „дуваме“ слободно до крајот на сезоната…Во тој момент доаѓа Дон Нелсон и воодушевено ни вели: „Тоа е добро сега ќе можеме да дуваме“. Се беше опуштено, Дон знаеше што прават играчите надвор од теренот. Уживавме да работиме со Нелсон. Поради тоа бевме одличен тим“, рекол Џексон.
 
Дон Нелсон им бил тренер на Џексон и Берон Дејвис во Голден Стејт, а токму од тој период е и анегдотата, која исто така ја раскажал Џексон, дека тие тројца испиле, според неговите зборови „две, три шишиња виски Мекклан 12“.
 
Во интервјуто Џексон рекол дека марихуаната некогаш му помагала, а некогаш не кога играл натпревари.
 
„Правев разни глупости пред натпреварите, но и покрај тоа бев во состојба да бидам продуктивен на теренот. Сепак, ќе бидам реален и ќе кажам дека се случувало да морам самиот себеси да се смирувам. Тренерот ќе ме извадеше од игра по три минути, а јас самиот си говорев: „Мораш да се смириш, премногу си надуван“. Три шутеви ми заминаа преку таблата, полудев…“, рекол Стивен Џексон.
 
За време на кариерата играл во Голден Стејт, Њу Џерси, Атланта, Индијана, Шарлот, Милвоки, ЛА Клиперс и Сан Антонио.
 
Во кариерата има просек од 15 поени, 4 скока и 3 асистенции по натпревар, а има освоено и една шампионска титула, со Сан Антонио во 2003 година.