Македонија
11. September 2017 - 14:43

Усвоени измените на Изборниот законик, БЕСА ќе има член на ДИК

Собранието на Република Македонија на денешната 13. седница со 77 гласа „за“, ниту еден против и воздржан го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, поднесен од пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата.

Со измените на Изборниот законик е предвидено составот на Државната изборна комисија да биде во согласно со постоечкиот однос на партиите во Собранието.

Претходно денеска, пратеникот на БЕСА Фадил Зендели на прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат да имаат член на Државната изборна комисија (ДИК) на претстојните локални избори. Во спротивно, истакна Зендели, одлуките на ДИК би биле нелегални и нелегитимни. 

Според информации од партијата БЕСА, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на БЕСА.