Македонија
9. July 2018 - 13:04

Утре и задутре дератизација во Неготино

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, утре и задутре на територијата на неготинска општина ќе се изврши дератизација. 
 
- Во акцијата ќе бидат вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите “Зотокс” од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови, информира Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа. 
 
Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од буџетот  на општина Неготино.