Loading Video...
Балкан
8. November 2020 - 16:43

Утре почнува Берлинскиот процес - Захариева не е голем оптимист

Во Скопје нема расположение да се прифати историската вистина. Шефицата на бугарската дипломатија го лоцираше главниот проблем во односите меѓу двете земји и причината за блокадата на македонскиот пат кон ЕУ.

Вели, не ни е јасно зошто македонската влада одбива да ја примени формулацијата за јазикот според Договорот за добрососедство, кој патем, не се спроведува, посочува Захариева.

„Тоа е сериозна загриженост на Бугарија. И тоа е поврзано со две нешта. Историската вистина сериозно се одразува врз реалноста и врз две работи – говорот на/ омраза кон Бугарија и кон Бугарите и претензиите за македонско малцинство во Бугарија. Тоа не е еден обичен историски спор, тоа е многу повеќе од историски спор. Од другата страна постојано слушаме – оставете ја Комисијата да работи. Се разбира дека Комисијата треба да биде оставена да работи, но без да има политички притисок кон неа од страна на Македонија.”

Иако историската комисија забележа напредок во работата, тој не е видлив во македонското општество. Нема промена на учебниците, а говорот на омраза продолжува со полна сила. Само во последниот месец има над 10 илјади антибугарски публикации во провладините медиуми, обвинува Захариева.

Не го спориме правото на самоопределување, категорична е министерката, но не на сметка на кражбата на бугарската историја и на антибугарската идеологија.       

„Тоа кое го бара Бугарија е многу едноставно. Со Договорот од 2017 година сме се согласиле за заедничка историја. Никој не го оспорува правото на кој било граѓанин на светот, не само на тој од РСМ да се самоопредели. Но во исто време, тоа право на самоопределување не треба да биде на сметка, на нив целата идеологија им е таква...Односно, да признаеме дека некогаш сме имале заедничка историја и заеднички корени. Сега се разбира имаат право да се определат како Македонци, но тоа не треба да го прават на сметка на Бугарија.”

Ставовите на шефицата на бугарската дипломатија доаѓаат во пресрет на утрешната средба со македонскиот колега Османи и гермаскиот министер Хајко Мас. Средбата ќе биде уште една можност за наоѓање решение, со кое би се отстранило бугарското вето за Македонија.