Македонија
23. April 2020 - 16:52

Утре почнува Рамазанскиот пост - апели за молитви дома, а не во џамија

Со молитва од дома, а не во џамија, верниците од исламска вероисповед утре ќе го започнат Рамазанскиот пост рано наутро во 3:50 часот. Заради мерките за заштита од коронавирусот, џамиите и во Битола ќе бидат празни за време на месецот Рамазан. Битолското муфтиство упати порака до верниците дека годинава Рамазан ќе го дочекаат во малку поинаква атмосфера и дека со постот и верските обреди во домашна атмосфера полесно ќе се излезе од оваа ситуација.

-Од причина што речиси целиот свет, па и припадниците на исламскиот свет се погодени од едно искушение, пандемија која се нарекува Ковид 19. По одлуките на Ријасетот на ИВЗ, верниците нема да можат како секоја година да ги извршуваат верските обреди во џамиите. Сите верски обреди ќе се извршуваат во домашна атмосфера со најблиските, истакна АМИТ РАСИМИ, БИТОЛСКИ МУФТИЈА.

Постот е еден од петте исламски столбови и е обврска за секој муслиман. Наредните 30 дена од изгрејсонце до зајдисонце ќе се воздржуваат од јадење и пиење.

Инаку во Битола и околината има околу 8000 припадници од исламската вероисповед кои потпаѓаат под битолското муфтиство