Македонија
2. September 2017 - 14:41

Утре попладне нестабилн со пороен дожд и грмежи

Краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер, најавуваат метеорозите за утре попладне. 

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно со краткотраен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Од УХМР очекуваат од понеделник времето да биде променливо, посвежо и ветровито.