Утре претпладне седница на Главниот штаб за управување со кризи
Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК утре претпладне, во 10 часот, ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат.
Како што изјави за МИА в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.
-Ние веќе добивме од Министерството за здравство план на објекти кои треба да се обезбедуваат. Утре ќе го разгледаме и ќе го дадеме на МВР да го операционализираат. Ќе побараме од соодветните служби на Министерството за внатрешни работи, во делот на обезбедување, да изготват план – дали се прифаќаат сите точки, дали е доволно покривање во една смена или 24 часа. Врз основа на тоа, ќе предвидат луѓе кога би ротирале во три смени. Тогаш ќе ја имаме ние вистинската слика, објасни Ангелов.
Акцискиот план, потсети, се уште не е поминат и одобрен од Управувачкиот комитет, затоа не може да се процесуира, а треба да помине и на Влада.
-Тоа не значи никакво пролонгирање. Утре се ќе биде завршено. Утре ќе имаме конкретна бројка на луѓе. Но, Владата носи конечна одлука и врз основа на тоа, како и врз основа на закон и подзаконски акти претседателот ќе нареди употреба на Армијата, но без оружје. Армијата само ќе и асистира на полицијата и не смее самостојно да презема дејствија без полициски службеник со полциски овластувања. Армијата служи за обезбедување на стратешките објекти, на здравствените објекти и магацините од делот на здравството кои имаат лекови, опрема и други медицински материјал, ќе му биде поддршка на здравството да може да функционира безбедно. Сакаме да превенираме за сите да се чувствуваат безбедно, и пациентите и докторите и медицинскиот персонал, воопшто сите граѓани, објасни в.д. директорот на ЦУК.
Тој уште еднаш апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Синоќа Главниот штаб за управување со кризи ја одржа втората седница од прогласувањето на кризната состојба во земјава. На седницата беше разгледан и усвоен Предлог-акциски план што го изготви ЦУК и кој е во директна насока за превенција и справување со ширењето на КОВИД. Беа разгледани расположивите човечки и материјално-технички ресурси, како и Планот за координирано дејствување, по пто беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.
Третата седница требаше да се одржи денеска, но е одложена за утре зашто денеска, како што рече Ангелов, повеќето служби во министерствата, освен дежурните, не работат.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово