Македонија
28. March 2023 - 11:28

Утре протест во Битола за смртта на малата Јана

Утре во Битола ќе се одржи протест под мотото „Сите сме Јана“  за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски.

Додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде точните одговори како и поради што настапила смртта кај Јана, роднините на семејството Христовски имаат една цел – да го насочат вниманието за состојбите во македонското здравство.