Loading Video...
Македонија
13. јуни 2021 - 21:33

Утре уште еден историски ден, Македонија прв пат како полноправен член учествува на самит на НАТО

30 светски лидери утре во Брисел ќе седнат во седиштето на НАТО и ќе разговараат за најзначајните безбедосни прашања во светот. Агресивно однесување на Русија, подемот на Кина, безбедносните последици од климатските промени. Но, зад големите прашања, Самитот во Брисел ќе е битен токму за Македонија каде прв пат ќе имаме место за полноправна членка. Премиерот Заев веќе го најави своето учество.

- Рамо до рамо со нашите сојузници, целосно сме посветени на колоктивната безбедност. Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни, напиша Заев.

Наспроти глобалната безбедност, она на што се очекува да се концентрира македонската делегација Заев-Османи е средбата со бугарскиот претседател Радев како последна шанска пред европскиот самит во четврток да се тргне ветото на Софија и дас е прифати португалскиот предлог на решение на спорот.

Дополнителен имплус кон интеграцијата на западен Балкан во ЕУ се сметаат и средбите на американскиот претседател Џо Бајден токму со члениците на Унијата ден по НАТО самитот.