Loading Video...
Спорт плус
1. August 2019 - 15:34

Утре во Охрид традиционален „Илинденски куп“ во пливање

Претстојниот голем македонски празник Илинден, вообичаено се одбележува и со спортски манифестации.  Една од нив е традиционалниот пливачки „Илинденски Куп“ во Охрид. 

Популарниот мал охридски маратон, како години наназад го нарекуваат пливачки настан кој се одржува за Илинден, и овојпат ќе има меѓународен карактер. 

Над 60-тина пливачи од повеќе македонски клубови, но и гости од странство, ќе земат учество на „ Илинденски куп“, чиј старт вообичаено е од хотелот Горица. 

Натпреварувачите ќе бидат поделени во две групи. Првата на возраст од 10 до 15 години, кои ќе ја започнат трката во 10 часот и 30 минути, а втората група чиј старт е десетина минути подоцна е над 16 годишна возраст. 

Според очекувањата на организаторот првите пливачи кои треба да испливаат 2,5 километри до охридското пристаниште се очекува да пристигнат некаде околу  11 часот и 20 минути. 

Годинашното издание на  „Илинденски куп“ е дел од Куп на Македонија во далечинско пливање. 

Оваа манифестација, на своевиден начин е и увертира на „Охридски пливачки маратон“ кој годинава ќе се одржи на 24 август.