Македонија
15. September 2021 - 10:06

Утрово два земјотреси во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Утрово во 4.19 часот, Секторот за сизмологија на Албанија, измерил земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер.

Епицентарот бил на само 11 километри од Подхум во Црна Гора.

Како што пренесе албанскиот портал Аналитика, земјотресот бил со интензитет од V степени според Меркалиевата скала.

Потресот се случил на длабочина од 16 километри. Според теорискиот модел на макросезимички полиња ваков земјотрес не може да предизвика материјални штети во епицентарот.

По дваесетина минути следел уште еден земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер.