Македонија
24. October 2021 - 10:32

Утрово изгоре пикап кај Скопјанка

Пикап автомобил за достава на стока утрово изгоре на паркингот зад Скопјанка во Аеродром, пренесува а1он.

Повредени нема, но оштетени се уште неколку возила во близина на огнот.

Очевидци велат дека се запалила инсталацијата на автомобилот, но официјалните причини за пожарот ќе ги соопшти МВР.

Скопската противпожарна бригада пристигнала веднаш откако ги повикале и целосно го изгасила огнот.