Балкан
3. November 2016 - 20:55

Ужас: Малолетник со автомобил покоси пет девојчиња

Страотната сообраќајна несреќа се случила недалеку од основното училиште во Бор. Според соопштението на српското МВР малолетникот со возило покосил пет пешаци, меѓу кои и две деца.

Повредените се примени во болницата во Бор.

До незгодата дошло кога 17-годишно момче кое управувало со автомобил „сузуки игнис“ во еден момент изгубил контрола над возилото, се качило на тротоарот и удрил во група девојчиња кои се враќале од средното училиште.

-Се се одигра во секунда. Кога ги удри останаа да лежат на тротоарот. Се слушнаа вресоци. Возачот почна на бега и премина на спротивната страна на коловозот, вели очевидец.

Во тој момент за малку ќе дошло до друга сообраќајка зошто момчето ќе удрело во друго возило чиј возач брзо реагирал и се качил на земјениот насипо покрај патот.

На самото место дошла полиција и брза помош.

Набрзо на самото место се вратило момчето што удрило во девојките и тоа во придружба на таткото.

Рекол дека изгубил контрола на возилото, удрил во девојките и потоа се исплашил и побегнал.

Зел возачка дозвола пред 6 месеци.

Повредените девојки се вон животна опасност.

Против малолетникот зад волан ќе биде поднесена кривична пријава.