Свет
2. November 2018 - 8:57

Ужасна смрт: Погубен затвореникот кој побара смртна казна на електрична столица

Американскиот осуденик на смрт, кој се изјасни дека сака смртната казна на која е осуден да се изврши на електрична столица, а не со смртоносна инјекција, погубен е доцна синоќа во Тенеси.

Смртта на Едмунд Загорски (63) е прогласена во 7.26 по локално време во затворот Нешвил, соопштија локалните власти. Загорски верувал дека смртта на електрична столица ќе биде побрза.

Електричната столица која е дозволена во девет американски сојузни држави, не е употребена од 2013 година во САД. Загорски е осуден на смрт во 1984 поради убиство на двајца мажи.

Осуденикот по 34 години во затвор требаше во октомври да биде погубен со смртоносна инјекција, по побара тоа да биде на електрична столица.