Балкан
28. July 2016 - 9:09

Ужасната тишина ја прекршуваа лелеците на мајката - погребано девојчето кое го удри гром

Анѓела Бачевиќ и нејзината другарка Ивана Ивановиќ кои смртно настрадаат откако во нив удри гром, беа испратени во вечниот дом. Александровац вчера беше обвиен во црнила и тага, а само лелеците на најблиските ја прекршувале ужасната тишина.

Повеќе од 500 лица, роднини, пријатели и другари на Анѓела се собраа да и оддадат последна почит. Сеуште владее тага и неверување.

- Чедо мое зошто ме остави, викала низ болка мајката на Анѓела, додека ја држеле да не се сруши на земјата. 

Инаку, со оглед на тоа дека Ивана е од Швајцарија, односно таму живее со години, нејзиното семејство кое со авион веднаш допатува по трагедијата одлучи сепакда ја закопа во родното место.

Анѓела и Ивана се враќале од градскиот базен и користеле мобилен при невреме, кога во нив удрил гром. Едното девојче почина на лице место, а другото и покрај обидите за реанимација, замина во смрт во болница.