Ужасни детали од семејната трагедија: Го избодел синот директно во срце, жената искрварила во дворот
Во село Долна Борина кај Мал Зворник, Маринко Илиќ (60) се сомничи дека со нож вчера ја убил невенчаната сопруга Ружа Томашевиќ (62) и синот Драгиша Илиќ (24) по што е уапсен/
Соседите тврдат дека телата на несреќната мајка и синот ги нашле во дворот.
-Слушнавме дека Маринко се скарал со Ружица и Драгиша и во еден момент тргна со нож на нив. Најпрвин сопругата ја избодел во слабината, па таа побегнала до првите соседи да побара помош. Меѓутоа искриварила до смрт пред вратата од куќата на соседот.
За тоа време Маринко го нападнал синот, и ножот му го забодел директно во срце, па и тој издишал пред семејната куќа, наведуваат мештаните.
И покрај брзото доаѓање на полицијата и Итната помош, на несреќната Ружа и Драгиша, инаку одличен студент, му немало спас.
-Тие уште летоска го пријавија за семејно насилство. Ги малтретираше, а посебно кога ќе се напие малку повеќе. Пријавите не вродија со плод, па жената и синот живееја на спратот,а тој во приземјето. Не разговараа со него до неодамна, вели соседот.
Маринко набрзо е уапсен, и не давал отпор. Како што се дознава, бил доброволец во војната, па можно е да страдал од поствоен синдром.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ